fbpx

Новиот BMW M3 – „мек хибрид“ со 500 КС

Германскиот производител на BMW работи на новата генерација на Серија 3, како и на најбрзата модификација - М3

Дел од медиумите откриваат интересни детали за спортската верзија на моделот, повикувајки се на извори блиски на гигантот од Минхен.

Под хаубата на BMW M3 G80 ќе биде поставен 3,0 литарски во линија 6-цилиндерски битурбо мотор, кој се користи и за сегашната генерација на моделот. Тој, сепак, ќе добие и т.н. „мек хибрид” – 48-Volt електричен систем, која ќе ја полни електричната турбина и системот за вбризгување на вода во комората за согорување – иста како кај M4 GTS.
BMW M3
Со новата технологија погонскиот состав на новата M3 ќе развива 500 КС, благодарение на што спортскиот седан ќе може достојно да им конкурира на соседот од Штутгарт – Mercedes-AMG C 63, како и на темпераментниот Италијанец – Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio. Новиот систем ќе работи со роботски 8-степен менувач со две спојки преземен од BMW M5 или 6-брзински мануелен. Преносот ќе биде на четирите тркала, кои работат на истиот принцип како и M5. Ова значи дека постои посебен режим каде што силата ќе се пренесе целосно на задната оска со само едно притискање на посебно копче.

Што се однесува до шасијата и другите поставувања, таму се очекуваат сериозни промени. Според информациите, новиот M3 нема да биде толку остра како и сегашната F80, но ќе се движи полесно. Лесни материјали како што се алуминиум, магнезиум и јаглерод ќе се користат за производство на каросерија.

Поврзани вести

Back to top button