BMW M340i xDrive Touring се придружува на опсегот
BMW ја надополни M340i линијата со новиот M340i xDrive Touring
Touring изведбата доаѓа со истиот 3,0 литарски турбо бензински мотор како и седан верзијата, со моќност од 374 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Во поглед на перформансните бројки, BMW M340i xDrive Touring достигнува 100 km/h за 4,5 секунди, односно 0,1 секунда побавно од седанот.
Погонот е испратен до сите четири тркала благодарение на xDrive системот, преку осум-степениот Steptronic автоматски менувач. Потрошувачката на гориво е официјално оценета на 7.2-7.6 литри на 100 изминати километри, во зависност од спецификациите.
BMW ќе ги понуди M340i xDrive седан и караван во специјалното First Edition ограничено издание од ноември 2019 година во Европа, кои ќе доаѓаат со уникатни детали и додатоци. Производната лента на BMW ќе ја напуштат не повеќе од 340 вакви примероци, наменети за „избрани пазари“.
First Edition изведбите добиваат Frozen Grey металик боја, Shadowline високосјаен надворешен пакет и 19-инчни алуминиумски тркала. Во внатрешноста пак, моделите се карактеризираат со Merino целосно кожна изработка, BMW индивидуален кожен инструмент панел, M сигурносни ремени, високосјајни алуминиумски детали и „M340i First Edition 1/340“ ознака.