fbpx

BMW M4 GT3 е подготвен да се упати на тркачките патеки

BMW M4 GT3 се наближува до конкуренцијата откако компанијата најави дека тестовите на тркачките патеки ќе започнат следната недела на југот од Франција

Новиот тркачки BMW, моделот M4 GT3 полека се подготвува за тркачките патеки, а во пресрет на тоа, првиот автомобил ги помина првите километри и беше предмет на неколку важни функционални тестови. Зад воланот на новиот BMW M4 GT3 се најде Аугусто Фарфус.

M4 GT3 беше најавен минатата година и ќе го замени M6 GT3 и е развиван паралелно со „цивилниот“ M4. Продукцискиот модел ќе биде претставен во септември, додека тркачкиот автомобил ќе учествува на неколку трки оваа година за тестирачки цели. По ова, се очекува да биде целосно подготвен за 2022 тркачката сезона.

Од BMW остануваат таинствени за овој автомобил, но истакнуваат дека развојот започнал претходно годинава со компјутерски симулации. Во февруари, моторот кој испорачува над 500 КС бил тестиран во Минхен. Но, додека компанијата не е подготвена да зборува за спецификациите, она што можеме самите да го забележиме е дека автомобилот има идентични LED задни светла како оние кои се користат на Серија 4 купе моделот и престојниот M4. Претходните тизери исто така открија дека моделот ќе има масивна решетка исто како и „цивилното“ купе.

Сепак, тука сите сличности завршуваат, бидејќи овој тркач има вентилирачки заден прозорец, масивен спојлер и огромен дифузер. Исто така може да се забележат и испакнатите крила, карбонскиот управувач и карбонските тркачки седишта со M4 GT3 везови.

Кога станува збор за моделот кој ќе се најде во продажба и ќе биде легален за патиштата, истиот ќе се напојува со 3,0-литарски шестцилиндричен битурбо мотор кој испорачува 480 КС и 510 КС. Базичниот модел ќе се нуди со шестстепен мануелец, додека Copmetition варијантата ќе дојде со осумстепен автоматски менувач. Автомобилот првично ќе биде лансиран со погон на задните тркала, но опцијата со погон на сите четири тркала ќе пристигне наскоро потоа.

Поврзани вести

Back to top button