ЗАБАВАНАСЛОВНА

BMW M5 во Невозможна мисија – Распаѓање!

BMW Group ќе биде одново ексклузивен глобален автомобилски партнер на најновиот дел од филмската серија на Paramount Pictures и Skydance Media- Mission: Impossible - Fallout

Филмот ќе може да се види во кината низ целиот свет од 27 јули 2018 година. BMW е партнер уште од 2011 година на филмскиот серијал и повторно има своја „ролја“ во најновото остварување со голем број автомобили, како и со една глобална маркетинг кампања. Mission: Impossible – Fallout е нова приказна за главниот јунак Итан Хант (Том Круз) и неговиот IMF тим (Алек Болдвин, Сајмон Пег, Винг Ремс) заедно со познатите сојузници (Ребека Фергусон, Мишел Монаган) во трка со времето по една неуспешна мисија. Во другите улоги се Хенри Кавил, Ангела Басет и Ванеса Кирби, а режијата е повторно доверена на Кристофер Маквори.

Освен од новото BMW M5 тимот од агенти ќе биде помогната од голем број на модели на BMW, како BMW 5 седан (1986 година), BMW 7 и BMW R nineT Scrambler.

Опремено со карактеристичните за BMW M Performance елементи, како црна решетка и карбонска додатоци на страничните ретровизори, BMW M5 постигнува импресивен настап во филмот. Со својот моќен 4.4-литарски V8 Biturbo мотор со технологија TwinPower Turbo и 600 КС, како и ново развиен High-Performance погон на четири тркала M xDrive, новото BMW M5 му овозможува на Том Круз, односно Итан Хант секогаш да ги надмудри противниците и да демонстрира незаменлива динамика при управувањето.
BMW R nineT Scrambler може да биде виден во некои сцени на крајот на филмот: како се движи со многу голема брзина при ризични маневри во „брканица“ низ Париз.

Mission: Impossible - Fallout

Значајна улога има и еден автомобил од историјата на BMW: BMW Серија 5 седан од 1986 година кое поставува нови стандарди во овој жанр. Како дел од соработката со Paramount Pictures следи глобалната маркетинг кампања на BMW -Mission to Thrill, која ја најавува премиерата на филмот со повеќе телевизиски спотови со различни автомобили, печатени реклами и силно присуство на сопствените дигитални канали. Кампањата се дополнува со други активности како настани во дилерската мрежа на BMW.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close