НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

BMW M850i доби ограничено издание

Само 400 возила ќе бидат вклучени во лимитираната серија на целосно новата BMW M850i xDrive, а секој од нив ќе се одликува со ексклузивен екстериер и ентериер, перформанси, специфични дизајн елементи и фелни дело на BMW Individual

Лимитираната серија BMW M850i xDrive Coupe First Edition ќе биде лансирана оваа пролет, а нејзините претставници ќе бидат склопени во фабриката на компанијата во Динголфинг од април до јуни оваа година.

Специјалната серија на моделот ќе биде исполнета со уникатен Frozen Barcelona Blue екстериер, црна предна решетка, црни елементи во задниот дел на возилото и M Carbon таван и надворешен пакет.

BMW M850i

За ентериерот на M850i xDrive Coupe First Edition, од BMW Individual се предвидени ексклузивни комбинации на кожа и тапацир Merino, со нова комбинација на бои Ivory White / Night Blue, волан со кожен тапацир, Alcantara за таванот, Black Piano елементи, луксузно аудио Bowers & Wilkins Diamond, стаклен пакет, сериска табличка и многу повеќе.

BMW M850i xDrive Coupe First Edition располага со мотор во V облик, со осум цилиндри бензински TwinPower Turbo кој развива 530 коњски сили, а е во комбинација со 8-брзински Steptronic менувач и интелигентен систем за погон на четири тркала xDrive.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close