BMW Motorrad го претстави новиот R 18

BMW го претстави својот 2021 R 18 мотоцикл во ретро стил кој не изгледа налик ниту еден друг BMW мотоцикл кој во моментов е достапен на пазарот

Со новиот R 18, BMW Motorrad влегува во „крузер“ сегментот. Како ниту еден BMW мотоцикл претходно, овој модел останува целосно во традиција со историските BMW мотоцикли – како технолошки, така и во смисла на дизајнот. Инспириран од BMW R 5 од триесеттите години на минатиот век, ова возило на две тркала пристигнува со 1,8-литарски хоризонтално поставен двоцилиндарски мотор наречен Big Boxer. Со релаксирана положба на седење, пристап со кој нема неопходни технологии и рамка дизајнирана и подготвена за aftermarket сцената, R 18 прави напори да ги задоволи пуристите, но и оние кои сакаат да го модифицираат мотоциклот по сопствен вкус.

BMW даде увид во R 18 во текот на целата мината година со голем број на детали од проектот на развој. Најпрво пристигна триото концептни мотоцикли – Concept R18, Custom Works Zon Departed и Birdcage кои користеа прототип верзии на модерниот Big Boxer мотор кој се наоѓа во R 18. Потоа пристигна R 18/2, кој ни даде почист поглед на тоа како модерниот „крузер“ на BMW ќе изгледа. Во својата конечна форма, R 18 е толку поврзан со R 5, што речиси делува како реплика на прв поглед.

BMW R 18

R 18 го има речиси секој дизајнерски детал кој R 5 го има во својата „понуда“. Со единечно предно светло во кружен облик, резервоар во облик на крушка, двојна челична рамка, метална шасија, единечно седиште и сјајна хромирана издувна цевка. First Edition моделот вклучува и мали детали како бели мотиви врз црната боја, хромирани детали, беџ на седиштето и хромирани украси на страничните штитници.

Најмоќниот BMW boxer досега

Новиот мотоцикл на BMW има boxer мотор, исто како и R 5. Оваа модерна итерација е 1.800 кубни сантиметри и гордо ја носи титулата на најмоќен BMW boxer мотор кој некогаш е направен. Испорачува 91 КС при 4,750 вртежи во минута и над 150 Nm максимален вртежен момент. Класичниот пристап продолжува и кај системот на потпирање, со оглед на тоа дека R 18 исто како и R 15 има телескопска предна вилушка со 1,9-инчни цевки. Централно поставената лента за суспензија на конзолата има амортизирање зависно од патувањето и прилагодлива пружана оптовареност.

Иако R 18 е осмислен да има помалку технологија, сепак поседува голем број на унапредени додатоци како LED осветлување, адаптивно светло за свиоци, можност за возење без клучеви со далечински контролор, асистенција за движење наназад и hill-start control како помош за угорнини. Исто така има и автоматска контрола за стабилност и три режими на возење – Rain, Roll и Rock.

BMW R 18

Новиот R 18 е подготвен да се упати и на aftermarket гаражите за модифицирање. Поседува лесно отстранлива задна рамка, а од BMW истакнуваат дека системот за кочење и квачилото, како и целата електроника е направена да може да се отстрани лесно за вградување на полесен управувач или за модифицирање. R 18 е достапен за преднарачка по почетна цена од 18.190 долари, а First Edition пакетот изнесува 2.150 долари.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close