НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

BMW го најави 2 Series Gran Coupe

Паралелно со годинешниот бизнис прес, BMW ги откри првите детали за целосно новиот спортски предлог 2 Series Gran Coupe

Светската премиера на уште еден нов пазарен предлог на баварската марка ќе се одржи во ноември оваа година, за време на меѓународниот саем во Лос Анџелес, а пазарното лансирање на BMW 2 Series Gran Coupe е предвидено да започне во пролетта 2020 година.

Од BMW го опишуваат целосно новото четириврато купе како спортско, елегантно и ексклузивно, но во исто време и како автомобил кој е одличен за секојдневна употреба и ги има сите предуслови да привлече сосема нова за брендот корисничка група.

Од баварската компанија исто така споделија, дека 2 Series Gran Coupe уште еднаш ќе донесе свеж импулс во својата класа. Автомобилот е изработен врз основа на најновата архитектура за погон на BMW и содржи бројни технолошки решенија.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close