BMW започнува со најголемата инвазија во историјата

Германскиот производител BMW започнува со најголемата офанзива на пазарот во целата своја историја, а главна улога во него ќе играат електричните и хибридите

Истата треба да заврши во 2025 година кога гамата на брендот ќе биде сосема поинаква. Прв чекор во оваа насока е лансирањето на прототипот на целосно електричен кросовер, кој беше прикажан на автосалонот во Пекинг. Сериската верзија ќе се појави во 2020 година, а ќе му конкурира на неодамна претставениот Jaguar I-Pace и идниот Audi E-Tron.

BMW

Во основата на електричниот е модифицирана платформа CLAR, која е во основата на BMW 5, BMW 7 и на стандардниот BMW X3 што излезе минатата година. Самата шасија е направена така што може да се користи од хибриди и електрични модели. Прототипот BMW iX3 има електричен мотор кој е интегриран во една преносна единица, која нуди над 270 КС и се напојува од батерии со капацитет од 70 kW/h. Ова обезбедува километража од 400 километри, акумулаторите може да се полнат од посебна станица за брзо полнење само за час и половина.

BMW– До крајот на годината ќе се воведеме цела палета целосно електрични концептни модели, кои подоцна ќе станат сериски автомобили. По iX3 ќе се појави предводникот на електричните iNext, а исто така и моделот i4, истакна претседателот на компанијата BMW, Харалд Кругер, за време на Годишната конференција во Минхен.

 

До 2025 година Баварската марка ќе понуди на пазарот дури 12 нови модели на струја. Меѓу нив е и електричната верзија на MINI хечбек, чие производство започнува следната година. Таа ќе има километража од 400 km во основната верзија, а топ-варијантата ќе поминува до 700 километри.

Паралелно со електрични BMW развива и нови модели со хибридни енергетски агрегати чии батерии ќе се полнат од електричната мрежа. Во летото Баварците стартуваат со сериското производство на отворената верзија на спортскиот хирид i8 прикажана на крајот на минатата година. Родстерот е управуван од комбинација од 1.5-литарски бензински турбомотор со 3 цилиндри, кој развива 231 КС и електричен мотор со 143 КС.

Тоа овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди, a максималната брзина е ограничена по електронски пат на 250 km/h. Само на електрична енергија автомобилот може да помине над 50 km. Хибридна модификација ќе има и за кросоверот BMW i3, а таа ќе добие 2.0-литарски бензински мотор и електромотор. Вкупната моќност на единицата во овој случај ќе биде околу 300 КС.

До крајот на мај, BMW ќе ја претстави сериската верзија на својот голем кросовер X7. Тоа ќе се случи во фабриката во Спартенбург, во Јужна Каролина, каде што ќе се составува конкурентот на Mercedes-Benz GLS. Моделот ќе биде пуштен до крајот на годината.

Се претпоставува дека палетата агрегати ќе вклучува 3.0-литарски мотор со 6 цилиндри и моќност 340 КЅ, а исто така и 4,4-литарски V8 со две турбини, кој развива околу 450 КС. Исто така, ќе има хибридна верзија со 2.0-литарски бензински мотор и електричен мотор. Дизелот ќе биде еден – 3.0-литарски со 4 турбини и 400 КС. За кросоверот со 7 места е предвиден целосно нов пакет системи, а ќе се управува со гласовни команди и ќе одржува 5G врска.

BMW

Во средината на јуни во рамките на легендарната трка 24 часа Ле Ман BMW ќе претстави сериската верзија на ревитализираното купе серија 8, што се враќа речиси 20 години по прекинот на производството на оригиналната „осмица”. Купето користи CLAR платформа, што значи дека може да добие хибриден или електричен погон.

BMW

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close