НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

BMW го откри погонот на новиот М3

Шефот на одделот за планирање на BMW M - Карстен Прајс, откри пред списание Evo информации за моторот, кој ќе ја добие новата генерација на M3. Седанот ќе биде опремен со редовнот 3.0 литарски твин-турбо мотор со шест цилиндри, поставен на моделите X3 M и X4 M, како и со систем за погон на сите четири тркала xDrive од M5.

Новиот M3 е S58 со два турбополначи. Неговата моќност во базната варијанта е 480 КС и 600 Nm, додека во помоќната верзија – 510 КС. Спортскиот седан ќе има 8-брзински M Steptronic со Drivelogic менувач и M xDrive систем со погон на само една оска. Овој систем е ист како кај M5, но кај X3 M и X4 M не се нуди.

Од новиот BMW M5 ќе бидат преземени активните амортизери и модернизираниот систем за управување, кој сепак ќе добие нови поставувања поради помалата тежина на M3. Автомобилот се очекува да не тежи повеќе од 1.600 килограми, а ќе биде достапен со 19 и 20 инчни тркала со Michelin Pilot Sport 4 S.

Тековниот BMW M3 се потпира на шет цилиндричен мотор со 431 КС и 500 Nm во комбинација со 7-брзински роботски пренос. Верзијата M3 Competition се нуди со истиот мотор, но со 450 КС, а кај CS варијантата тој располага со 460 КС и 600 Nm.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close