ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

BMW ja означува 35 годишнната на серијата 5 со ограничено издание

За да одбележи 35 години од појавата на еден од најпознатите спортски автомобили, BMW најави лимитирана серија M5 Edition 35 Years

Во специјалната серија BMW M5 Edition 35 Years се вклучени само 350 возила, секој еден од сопствениците ќе ужива во врвно однесување на патот, со најмоќниот мотор во целата историја на моделот.

Серијата M5 Edition 35 Years која ќе биде достапна за купување од јули оваа година, е развиена врз основа на M5 Competition, која е опремена со V8 M TwinPower Turbo мотор со импресивни 625 коњски сили и 750 Nm вртежен момент. Автомобилот, исто така, има специјално оптимизирана адаптивна суспензија, интелигентен погон на четири тркала M xDrive и Active M диференцијал.

Со своите импресивни димензии автомобилот е во состојба да понуди забрзување од 0 до 100 km/h за 3,3 секунди, а границата од 200 km/h се постигнува за само 10,8 секунди. Секој еден од претставниците се одликува со специјалнa Frozen Dark Grey боја, уникатни 20-инчни бандажи со Y-облик краци, црни шепи на системот за сопирање со карбон-керамички дискови и друго.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close