BMW подготвува „хидрогенска“ X5 со помош на Toyota за 2022

Баварскиот гигант подготвува хидрогенска верзија на X5 со горивни ќелии, кој е наречен „BMW i Hydrogen Next“, а според планот ќе биде лансиран во мала серија

Германскиот производител одамна размислува и има идеа да лансира автомобил на водороден погон, а кон средината на 2000-те години тестираа Серија 7 од тој тип. Истото ќе биде направено сега со актуелната генерација на X5, а овој луксузен SUV со средна големина ќе добие „водороден“ агрегат во ограничено издание во 2022 година, кој всушност ќе послужи како тестна лабораторија. i Hydrogen Next ја имаше својата „најава“ на Салонот за автомобили во Франкфурт, а BMW сега е подготвен да сподели повеќе информации поврзани за овој X5 со алтернативно напојување.

Кога станува збор за моќта, таа ќе изнесува 374 КС, благодарение и на моќта која доаѓа од новоразвиениот електричен погон од iX3. Системот на горивни ќелии самостојно генерира 170 КС, како резултат на хемиска реакција меѓу водород и кислород од атмосферскиот воздух, со тоа што производот од „согорувањето“ доаѓа во вид на H2O испарување. Тука се резервоарите под притисок од 700 бари, каде секој содржи шест килограми водород, кој може да се дополни за 3-4 минути, исто како што и во случајот со конвенционалните горива.

BMW планира сериски модел по 2025

Додека i Hydrogen Next базиран на X5, кој стапува на сцената во 2022 година, ќе биде пилот проект, BMW има намера оваа технологија на горивни ќелии да ја направи достапна на пазарот. Серискиот модел би требало да пристигне по 2025 година, доколу побарувачката за него биде доволна, а пазарните услови го дозволат тоа. Toyota, која е далеку пред сите кога станува збор за оваа технологија, вклучена е во проектот, така што овие две компании соработуваат на развој на погонски системи базирани на горивни ќелии, како и проширувачки, модуларни компоненти за водородните горивни ќелии за автомобили од 2013 година.

Јапонскиот производител во продажба веќе има автомобил на ваков погон веќе извесно време, со оглед на тоа дека Mirai е лансиран во 2015 година, кон крајот на оваа година ќе ја добие и својата втора генерација. Според некои информации, BMW е заинтересиран да направи и своевиден хибрид, водороден-електричен X7, но се уште е рано за тоа бидејќи германскиот брент смета дека моменталните услови не се погодни за производство на сериски автомобил со горивни ќелии.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close