fbpx

BMW ќе прави кабриолет врз база на кросовер

BMW ја разгледува можноста за изработка на прилично атрактивен модел крос-кабриолет, базиран на еден од X-моделите на брендот

Ова го изјави менаџерот на продукциската постава на баварскиот гигант, Ралф Малер, за Digtal Trends. Според врвниот менаџер, таквите модели ќе бидат барани на пазарот, па BMW треба да го искористи тоа. Малер верува дека ова е прилично храбра опција за иднината, а таа ќе му конкурира на Range Rover Convertible.

BMW
BMW X2 Cabrio

Уште во јануари оваа година, шпанскиот Motor.es го објави евентуалниот изглед на отворена верзија на BMW X2 крос-купе.

Еден извор од менаџментот на компанијата изјави дека BMW навистина треба да земе пример од Jaguar Land Rover. Излезе дека по лансирањето на Evoque Convertible во 2015 година, продажбата на британскиот производител се зголеми за 26%.

Во февруари, уште еден германски производител, Volkswagen, ги потврди своите намери да понуди вакво возило базирано на неговиот T-Roc модел. Машината ќе се заснова на концептот на T-Cross Breeze, а производството ќе започне во 2020 година во фабриката во Оснабрик.

BMW
BMW X2 Cabrio

Поврзани вести

Back to top button