ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

BMW стана премиум бренд број 1 во Кина

Во ноември BMW забележа раст на продажбата во Кина за 12%, или вкупно реализирани 55.293 нови автомобили

Со овој резултат Баварците се најдоа на прво место по продажба меѓу луксузните брендови во Кина. Ова достигнување е многу важно, бидејќи од почетокот на 90- тите години, па наваму во овој сегмент во Кина доминираше Audi. За ноември Audi забележа раст на продажбата од 6,5%, или вкупно 56.208 примероци, а кај Mercedes растот беше 22%, односно 50.813 пласирани единици. И иако дилерите на Audi продале повеќе автомобили од BMW минатиот месец, разликата меѓу двете марки е голема, бидејќи претходно оваа година дилерите на Audi имаа сериозен спор со компанијата и некое време ја бојкотираа, односно не продаваа автомобили.

бренд

Ова се случи откако стана јасно дека Audi планира да лансира втор канал за дистрибуција на автомобили во Кина, што налути дел од дилерите на брендот. Следуваше бојкот кој запре дури во март, кога од Audi официјално објавија дека се откажуваат од контроверзниот план за втор канал за дистрибуција. Оттогаш продажбата на Audi расте, но BMW и Mercedes остварија сериозна предност.

бренд

За првите 11 месеци од годинава продажбата на BMW се зголеми за 15% во однос на истиот период минатата година, до 542.362 автомобили, а кај Audi има пад од 2,1%, односно 528 706. Ако го немаше бојкотот, резултатите ќе беа различни, велат аналитичарите. Mercedes, досегашниот број 3 во Кина, ја зголеми својата продажба за 27%, до 539 728 примероци, па сега е втор.

Клучни зборови

Поврзани вести

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker