НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

BMW ја претстави новата Серија 1

Од првите генерации на BMW Серијата 1, беа продадени над 1,3 милиони возила

Сега баварскиот производител ја претстави третата генерација на хечбекот кој поминува на нова платформа со преден погон и добива технологии достапни досега за моделите на BMW од повисоките класи. Благодарение на новиот погон на предните тркала, новата Серија 1 ќе понуди значително повеќе простор во речиси идентични големини. Зголемувањето главно ги погодува патниците на задното седиште и обемот на багажникот.

Новиот изглед на моделот е видлив од предната страна. Карактеристичните „бубрези“на BMW сега се поголеми, светлата сега се накосени и му даваат на автомобилот свеж, младешки сјај. На задниот дел доминира ширината на моделот, а благодарение на то автомобилот изгледа многу стабилен на патот. Широките задни светла го подобруваат овој впечаток и изгледаат многу модерни поради нивната тесна форма.

Серија 1

Електричниот панорамски покрив, кој за прв пат се нуди како опција за BMW Серија 1, пропушта повеќе светлина во ентериерот кој е зголемен. Во него се комбинирани материјали со високо ниво на квалитет и иновативни решенија во деталите. Пристапот до опционалниот Infotainment систем на BMW Operating System 7.0 се врши преку комбинација на два екрани кои кај BMW Live Cockpit Professional се со дијагонала од 10,25 инчи.

Кај новата BMW Серија 1 ќе се монтираат три и четири мотори од најновата генерација на семејството агрегати BMW EfficientDynamics кои благодарение на многуте подобрувања во деталите се уште поекономични, повеќе еколошки и во некои случаи и помоќни.

Три дизели и два бензински мотори со моќност од 116 КС ќе бидат достапни на пазарот. Модификациите BMW 116d, BMW 118d и BMW 118i се стандардно опремени со модернизиран шестстепен рачен менувач. Новиот седум брзински Steptronic пренос со две спојки е достапен како опција за BMW 116d и BMW 118i.

Со осумстепена трансмисија Steptronic која се нуди како опција за BMW 118d и е сериска кај BMW 120d xDrive, дополнително е оптимизиран комфорот на префрлување и акустиката.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close