BMW го сопира производството на бензинската Серија 7

Претставници на германскиот концерн BMW официјално објавија дека привремено ќе го прекинат производството на некои верзии од Серија 7

Компанијата беше принудена да го стори тоа поради новите еколошки барања во ЕУ.

Започнувањето на производство на водечкиот седан на брендот се планира една година откако ќе се надградат моторите. Вреди да се спомене дека одлуката влијае само на бензинските модификации, а дизел верзиите на BMW 7 ќе продолжат да се симнуваат од производсвените ленти.
Серија 7
Како што е познато, новата светска хармонизирана процедура за тестирање на емисии и потрошувачка на возилата (WLTP), која е воведена во ЕУ донесува далеку построги стандарди. Во иднина нивоата на емитирани емисии во атмосферата ќе бидат земени во предвид за време на реално движење на возилата, не во лаборатории.
Серија 7
На пример, мерењата ќе бидат направени во различни ситуации на возење, како што се забрзување, различни брзини, сопирање. Постоечките стандарди на Новиот европски возен циклус, развиени пред повеќе од 30 години, беа базирани на теоретски вредности.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close