fbpx

BMW се пофали со новиот 128ti хот хеч

BMW полека ја финишира подготвката на престојниот 128ti, хот хеч верзијата на Серија 1 која се очекува да биде конкуренција на Golf GTI

Новиот BMW 128ti ќе се напојува со 2,0-литарски четирицилиндричен турбо мотор со 265 КС, а моќноста ќе се испраќа на предните тркала преку Torsen диференцијал и осумстепен автоматски менувач, што ќе биде единствената опција. Од BMW најавуваат дека спринтот од нула до „стотка“ ќе се стигнува за 6,1 секунда.

Она што е важно тука е дека престојниот 128ti нема да биде само уште една брза варијанта во опсегот на моделот, со оглед на тоа дека BMW вложи многу време и грижа за да ги подеси системот на потпирање и управувањето специјално и конкретно за овој модел со цел да понуди „екстремно спортска возачка динамика ориентирана кон возачот“.

BMW 128ti

Новиот BMW 128ti е практично првиот хот хеч на BMW со погон на предните тркала и само третиот модел во историјата на брендот кој ќе го добие Turismo Internazionale суфиксот. Продукциската верзија ќе добие специјално тјуниран пасивен M Sport систем на потпирање кој е понизок за 10 милиметри и пристигнува со потврди поставки отколку кај M135i, со кој ги споделува истите стабилизатори и M Sport сопирачки.

BMW 128ti

Исто така, новиот BMW 128ti ќе биде околу 80 килограми полесен во однос на M135i xDrive, најмногу поради недостатокот на погон на сите четири тркала. BMW ветува дека новата верзија на Серија 1 исто така ќе добие голем број на карактеристики на ентериерот и екстериерот кои ќе бидат различни во однос на останатите модели од опсегот.

BMW ќе го лансира новиот 128ti во ноември ширум Европа и ќе се обиде да се спротистави на традиционалните хот хеч модели како Golf GTI, Ford Focus ST, а ќе се обиде да конкурира и на некои поистакнати перформантни модели со погон на предните тркала во сегментот, вклучително и Honda Civic Type R и Renault Megane RS.

Поврзани вести

Back to top button