НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

BMW Серија 1 ја започнува ерата на погон на предни тркала

Започна производството на BMW Серија 1, со кое моделот влегува во ерата на погон на предните тркала

Првиот автомобил од Серија 1 кој ќе ја напушти производствената линија е синиот 118i, опремен со спортски пакет. Баварската компанија во последно време навистина често се наоѓа во автомобилските вести, поради освежувањето на својот спекат на модели, од Серија 1 до Серија 7.

Брендот уште кон крајот на мај воведе сосема нов систем за погон на предните тркала, а сега го започна сериското производство на својот популарен модел. Изграден во фабриката во Лајпциг во Германија, ревидираната Серија 1 ги следи првата и втората генерација на погонот на задните тркала на компактниот хечбек и е само еден од осумте модели слопени во фабриката.

BMW Серија 1

Во истиот објект, BMW ги произведува и Серија 2 Coupe и Convertible, заедно со пожестоката М2 Competition и семејната Серија 2 Active Tourer. Покрај овие редовни модели, електричниот i3 и plug-in хибридниот i8 Coupe и Roadster се исто така дел од фабриката во Лајпциг. Севкупно, обемот на производството достигнува импресивни 1000 единици дневно.

Во наредните месеци, BMW очекува да го зголеми производството на Серија 1 на околу 600 единици. Првиот произведен автомобил е Серија 1 118i со завршна сина боја и опремена со опционалниот спортски пакет, по желбата на клиентот од Италија.

Сепак, Лајпциг нема да остане единствен производствен капацитет долго време, бидејќи моделот, исто така, ќе биде составен во фабриката во Регенсбург од ноември оваа година. Исто така од ноември, фабриката во Лајпциг ќе започне со производство на деветтиот модел, Серија 2 Gran Coupe.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close