BMW ќе ги електрифицира поголемите членови на серијата M
Шефот на дивизијата M сепак е загрижен дека електрификацијата може да го смени статусот на брендот M во очите на клиентите
Електрификацијата е главен фактор во денешната автомобилска индустрија и се шири низ сите сегменти на пазарот. Се работи првенствено за намалување на потрошувачката на гориво и емисиите за исполнување на построгите регулативи, а високо-перформансните брендови докажуваат дека ова може да влијае со значителни придобивки и во поглед на перформансите.
По неодамнешната објава на Audi за plug-in хибридна верзија на следната генерација на RS4 Avant, BMW сега вели дека неговите големи и моќни возила исто така ќе добијат електрифицирани верзии.
Ова го објави Маркус Флаш, шефот на M, во интервју за Car Advice на тема иднината на перформансната дивизија на BMW. Маркус изјави дека електрификацијата не се разгледува за основните модели како М2, М3 и М4, но почнува да се разгледува сериозно како опција кај поголемите и потешките M модели.
Маркус исто така изјави дека компанијата не брза да биде прва која ќе ги електрифицира своите перформансни модели, бидејќи M дивизијата првенствено е тука за да ги понуди најдобрите производи. Сепак, тој изразува загриженост во врска со ризиците создадени од лансирањето на вакви plug-in хибридни модели, бидејќи некои од фанови би гледале на електрифициран М автомобил како ослабнување на марката.
Mercedes ќе се движи во иста насока, така што неодамнешниот извештај посочува дека следниот AMG C63 ќе го замени V8 моторот со plug-in хибридна поставка со четири цилиндри. До тогаш, хибридниот AMG GT 73 се очекува веќе од следната година со дури 800 коњски сили, додека пак Audi може да лансира и посилни верзии на RS6 Avant и RS7 Sportback со електрифицирани погони.