fbpx

BMW соработува со Pop-up хотелот The Lovelace во Минхен

Иновативна размена: гостите на хотелот се превезуваат со електричен BMW i3, а BMW Group користи простории за состаноци, настани и семинари во новиот креативен Hotspot во срцето на стариот дел на градот

Ноќен и културен центар, шоу-сцена, форум за разговори и забава-место во едно, тоа е Pop-up хотелот The Lovelace во Минхен. Зад ѕидовите на над 100 години старата архитектура, следи комбинација на старински внатрешен дизајн со Performance културата, соединети во едно сеопфатно уметничко дело, BMW соработува со сопствениците на единствениот хотел од почетокот на 2018 година.

За гостите на хотелот The Lovelace се нуди Shuttle услуга со импресивno BMW i3, а баварскиот автомобилски гигант за возврат ја користи просторијата за состаноци за собирање соработници и посетители во неконвенционална атмосфера.

Така премиум автомобилскиот производител станува дел од иновативниот концепт на хотелот, кој создава простор и места за средби зад историската фасада во центарот на главниот град на Баварија. Како партнер на The Lovelace, BMW, се потпира на одржливо, индивидуално патување. Двата автомобила BMW i3, кои се обезбедени за Shuttle услугата, се одликуваат со специфична каросерија.

 

Поврзани вести

Back to top button