ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

BMW ќе го составува новиот Z4 во погоните на Magna во Австрија

Како што и се очекуваше, BMW и официјално објави дека во погоните на Magna Steyr ќе се произведува следната генерација на спортскиот автомобил Z4, во Австрија

Гласини за таков договор се ширеа уште во 2016 година, од моментот кога стана јасно дека Баварците ќе го вратат својот родстер во живот. Но, веќе нема шпекулации, според официјални информации, производството на новиот Z4 ќе започне во Грац до крајот на годината.

Кога точно ова ќе се случи, тешко е да се каже, но најверојатно веднаш по дебито на автомобилот на есен, на салонот во Париз.

Интересно е дали Австријците ќе го произведуваат „двојникот“ на Z4 – Toyota Supra. Двата автомобили ќе имаат заедничка платформа и некои погонски единици. Од 2001 година, Magna Steyr има делумно или целосно производство на автомобили за баварскиот производител. И до денес, BMW 5 користи услуги од Magna Steyr, особено за својата хибридна верзија.

Z4

Клучни зборови

Поврзани вести

Close