НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Нови мотори за следната генерација на BMW X5

Следната генерација на BMW X5 ќе се појави во почетокот на 2018 година, а ќе добие сериозно променета палета мотори

Ова го најавува BMW Blog, повикувајки се на свои извори во раководството на компанијата.

Теренецот ќе биде изграден на платформата CLAR користена за последните генерации на BMW 5 и 7. Тоа значи дека тој ќе биде доста полесен од својот претходник. Присуството на помоќни мотори ќе ги зголеми динамичките карактеристики на возилото. За BMW X5 е предвидена нова верзија на реден 6-цилиндерски мотор B58 со технологија TwinPower Turbo, која има кодно име B58TU. Се очекува моќноста на агрегатот да биде 335 КС, а тој ќе се вградува на верзиите BMW X5 sDrive40i и xDrive40i.

BMW X5Модификацијата xDrive50i ќе добие преработен 4,4-литарски V8 TwinPower Turbo со индекс N63. Најверојатно тој ќе одговара на верзијата, ставена во седанот M550i со моќност 465 КС. Тоа сепак не е сигурно, бидејки изворот на весникот тврди дека новото X5 ќе биде модел кој нема да користи бензински мотори од сегашната спектар на BMW. Дизелската гама ќе се состои од веќе познати мотори. Агрегатот B57 во различни варијанти на моќност ќе се става на верзиите xDrive30d (265 КС), xDrive40d (320 КС). За xDrive50d е предвиден нов мотор – B57S со четири турбини, кој развива 400 КС.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close