BMW започна со производството на iX3

Првите примероци на првиот електричен кросовер на баварската компанија, BMW iX3, се симнаа од производствената линија во фабриката во Кина

Електричното издание на BMW X3, моделот iX3, се произведува во BBA (BMW Brilliance Automotive) погонот во Кина, покрај градот Шангај. Тука воедно се врши и производството и на конвенционалната верзија на X3 за потребите на тамошниот пазар.

Франц Декер, еден од раководителите на споменатата BBA фабрика, изјави дека почетокот на производството на iX3 е воедно и нова етапа во развојот на тој погон. „Со ваков производствен погон, специјализиран за возила со висок квалитет, подготвени сме да го испорачаме она што потрошувачите ширум светот го посакуваат кога зборуваат за премиум автомобили“, изјави Декер.

Засега е познато дека новиот BMW iX3 ќе се продава во Европа и Кина, но и дека нема да се пласира на пазарот во САД. Овој модел ќе се склопува исклучиво во фабриката во Кина од каде ќе се испраќа на останатите пазари каде што ќе се продава.

BMW iX3 ја забележа својата дигитална премиера во јули оваа година и веќе влезе во производство. Станува збор за електричен SUV со погон на задните тркала кој користи еден електромотор со 286 кС и 400 Nm, што на iX3 му овозможува да направи спринт до „стотка“ за 6,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 180 километри на час.

BMW наведува дека iX3 користи батерија со капацитет од 80 kWh, од кои 74 kWh се достапни за користење. Засега не се споемнуваат други верзии со поголема моќност Кога станува збор за движењето, електричниот кросовер на баварската компанија има автономија од 460 километри според WLTP циклусот. Со користење на брз полнач (150 kW), полнењето до 80 проценти од капацитетот на батеријата се извршува за нешто повеќе од 30 минути.

Почетната цена во Германија за BMW iX3 изнесува 68.040 евра.

Поврзани вести

Back to top button