fbpx

Bosch со е-платформа на IAA

На IAA во септември, Bosch ќе покаже како сите свои производи за електрични и автономни возила се интегрираат

Со шасијата како платформа за електричната технологија, една од целите на Bosch е да го продолжат развојот на производите кои одговараат на оваа намена. Компанијата ќе ги покаже електричниот погон, управувачот, сопирачките и другите компоненти на шоуто.

Покрај оваа платформа, Bosch на штандот ќе претстави и друга технологија за електричната мобилност. Тие ќе ја демонстрираат интеграцијата на своите производи во електричните возила. Вклучени се поефикасни високо-напонски решенија во „eAxis“ што ќе овозможат зголемување на опсегот кај PHEV и BEV. Покрај тоа, снабдувачот сака да претстави интелигентен термички управувачки систем што ќе ги задржи батеријата и внатрешноста во оптималниот температурен опсег, со насочена дистрибуција на топлина и студ.

Додека шефот на Bosch го отфрли производството на батериски ќелии пред некое време, снабдувачот продолжи да работи но производство на горивни ќелии. Заедно со шведската компанија Powercell, Bosch има намера да индустријализира пакети на горивни ќелии. Покрај ова, компанијата работи и на други основни компоненти на системот за FCEV.

Германската компанија исто така ќе ги покаже и системите за помош и автоматизација. Тука е вклучен автоматскиот паркинг систем, кои Bosch и Daimler го инсталираа Mercedes Benz Musieumparking во Штутгарт. Автоматизираната функција за паркирање се активира преку апликација, при што автомобилот паркира сам без возач.

Поврзани вести

Back to top button