fbpx

Bosch со спас за моторите со внатрешно согорување

Германскиот индустриски гигант Bosch развива фундаментално нов вид на синтетичко гориво кое може да ги спаси моторите со внатрешно согорување и да ја поврати тенденцијата на електрификација

Германскиот индустриски гигант Bosch развива фундаментално нов вид на синтетичко гориво кое може да ги спаси моторите со внатрешно согорување и да ја поврати тенденцијата на електрификација.

Овие горива користат водород извлечен од океаните и трошат јаглерод од разни индустриски гранки. Резултатот е што ова гориво е целосно јаглеродно неутрално и не придонесува за глобално затоплување. Првиот чекор во процесот е да се извлече водородот од водата, што за оваа цел е релативно лесен процес.

За разлика од системите на горивни ќелии, каде што горивото е чист водород, нема потреба да се мисли на скапи и сложени методи за складирање и транспортирање. Наместо тоа, потребен е обичен водород кој се меша со јаглерод, или како отпаден производ од фабриките или со директно извлекување од атмосферскиот воздух. Во двата случаи, самото производство на гориво помага да се намали ефектот на стаклена градина.

Bosch

Според Bosch, целиот процес на производство ќе биде енергетски ефикасен и ќе се напојува само од обновливи извори. Компанијата развива различни синтетички горива, кои ќе можат да го заменат бензинот, дизелот, па дури и керозинот.

-За да ги постигнеме целите на климатските промени, потребни се и други интелигентни решенија, надвор од електромобилите, вели Фолкмар Денер, шефот на Bosch. -На крајот, дури и ако сите автомобили работат на електрична енергија, се уште остануваат камионите, бродовите и авионите … Значи, синтетичките горива со неутрален јаглерод се ветувачки, се разбира и за лесните автомобили.

Друга голема предност на новите горива е дека тие се целосно компатибилни со постојната инфраструктура на бензиските пумпи и нема потреба да се градат скапи мрежи на електрични или водородни станици. Одржувањето на моторот со внатрешно согорување и во иднина, ќе биде добра вест за оние вработени во автомобилската индустрија, која е еден од главните работодавачи во Европа и Јапонија.

Префрлањето на значително поедноставни електрични автомобили ќе значи драстични намалувања работни места во автомобилската индустрија, соопшти FT неодамна. Засега синтетичките горива на Bosch се во развој и се прилично скапи за производство. За неколку години, сепак, компанијата очекува да достигне пазарна цена од 1,20 евра за литар – приближно иста како и сегашниот бензин во Европа.

Поврзани вести

Back to top button