Brabham Automotive најави дека се враќа на 24 часа Ле Ман

По веста дека моделот BT62 може да се легализира и вози на улица, австралискиот Brabham Automotive објави дека ќе учествува и на 24 часа Ле Ман

Австралиската компанија ќе оформи тркачки тим и повеќегодишна моторспорт програма со цел да учествува во 24 часа Ле Ман и WEC шампионатот на издржливост (World Endurance Championship) почнувајќи со сезоната 2021/22. Враќањето на Ле Ман е долгогодишна желба на Brabham Automotive која е финансирана од самата компанија, комерцијални партнери и спонзори.

Овој потег е директно поврзан со програмата за развој на возачи, со што првите сопственици на возилата BT62 ќе бидат дел од тимот за тестирање. Развојот на BT62 за трките на издржливост е предводен од од извршниот директор на компанијата, водечкиот тест-возач и победник на Ле Манс Дејвид Брабхам. Повеќе детали за тркачката програма, персоналот, како и тркачкиот автомобил што на крајот ќе бидат хомологирани, ќе бидат објавени подоцна. Компанијата вели дека нивниот тркач ќе се базира на шасијата на BT62, која веќе е дизајнирана и изградена во согласност со безбедносните правила на FIA.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close