Brabham се враќа на трките со BT63 GT2

Brabham Automotive ги проширува своите тркачки напори со нов автомобил кој е наречен BT63 GT2 Concept

Британската компанија Brabham има престижно тркачко педигре, а производителот се враќа назад на патеките со претставувањето на новиот BT63 GT2 Concept. Базиран на BT62, компанијата го адаптираше со цел да се натпреварува во 2022 European GT2 Championship. Автомобилот се одликува со неколку промени кои ќе помогнат да се испочитуваат регулативите во оваа тркачка серија, а тука се вклучени модифицираниот мотор и уникатните аеродинамични додатоци.

Brabham BT63 GT2

Благодарение на ова, Brabham BT63 GT2 пристигнува со агресивен преден сплитер, нагласени странични прагови и масивно задно крило. Тука се и тркалата од лесна легура, централната перка и агресивниот дифузер кој се истакнува на задниот дел од тркачкиот автомобил, заедно со вентилирачката фасција и елементите со откриен карбон.

Brabham BT63 GT2

Моторот останува ист како и кај BT62, а тоа значи 5,4-литарски V8 агрегат, меѓутоа моќноста е намалена. Имено, BT62 има 700 КС и 677 Nm максимален вртежен момент. Од друга страна, спецификациите кај BT63 GT2 не се финализирани, но се смета дека автомобилот би требало да испорачува околу 600 КС, a секвенцијалниот менувач да ја испраќа моќноста на задните тркала. Исто така, неговата тежина треба да изнесува помеѓу 1.250 и 1.300 килограми. Во оној момент кога ќе биде комплетирана хомологацијата, Brabham ќе им се приклучи на Audi, KTM, Lamborghini и Porsche во еропскиот GT2 шампионат.

Brabham Automotive соработуваше со SRO Motorsport Group со цел да ги пресретне хомологациските побарувања. BT63 GT2 ќе дебитира на трките подоцна оваа година на GT2 European Championship и ќе се натпреварува во инвитационалната класа. Brabham го нуди својот автомобил за 400.000 евра.

 

Поврзани вести

Back to top button