Brabus ја претстави својата визија за блиндирана G-класа

Новиот блиндиран Mercedes G-класа во изработка на Brabus може да издржи оган од автоматска пушка и експлозии

Познатата тјунинг компанија Brabus за Mercedes G-класа подготви нови „паметни“ плочи тестирани според VR6 Plus ERV стандардите, што значи дека може да издржи не само оган од помало оружје, туку и од автоматска пушка, како и експлозија предизвикана од експлозив до 15 килограми.

Brabus својот проект го нарече Invictus, а за неговата отпорност е заслужна паметната Shelter Cell ќелија. Brabus дизајнираше „самостојна, самоподдржувачка и заштрафена“ заштитна ќелија направена од челични оклопни плочи, различни ткаенини, влакна и метално-керамички композити.

Brabus G-класа

Постојат голем број предности за ваквиот дизајн, вратите се со еднакви величини како и стандардната верзија, а простор меѓу различните делови на заштитната ќелија нема. Прозорците се направени од најдебело стакло. Оклопните компоненти додаваат уште еден тон тежина на оваа G-класа во изведба на Brabus.

Brabus промени и поголем дел од системот на потпирање и вгради помоќни кочници. Фелните и гумите се исто така нови, а во случај на дупната гума возилото може да продолжи да вози и до 50 километри.

Brabus G-класа

Invicto Luxury изгледа како и повеќето останати примероци на Brabus G-класа. Базиран на моделите G500 или AMG G63, овој модел го доби и Widestar body-kit на Brabus, како и луксузна внатрешност. Во понуда е и Invicto Pure кој изгледа како стандардната G-класа и не привлекува премногу внимание со својот изглед.

Brabus Invicto Mission според тврдењата на компанијата е наменет за потребите на вооружените сили, полицијата, итните служби, специјалните сили и компаниите кои се занимаваат со обезбедување. Поседува покривни LED светла напред и дополнителни светла за потрага позади. Блинкерите се сместени во решетката на ладилникот и ветробранското стакло, додека блиндираниот отвор за бегство е сместен на покривот.

Во внатрешноста се наоѓаат четири седишта со безбедносни појаси во пет точки. Дизајнирани се на тој начин за патниците да можат да носат панцири и при тоа да им биде удобно. Во багажникот се наоѓа и боца со кислород, а овој SUV поседува и инфрацрвени камери и навигациски систем.

Цените за оваа Brabus блиндирана верзија на G-класа започнуваат од 354.000 евра, па нагоре.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close