fbpx

Буба со сликички од фудбалери

Фудбалски фанатик, се разбира од земјата каде оваа игра не е првата најважна споредна работа, туки „најважната“ од се`, од Бразил, го излепил својот автомобил со Панини сликички од фудбалери кој ќе настапат на Светското првенство во Русија

За да ја „покрие“ својата Буба на овој фанатик му биле потребни, како велат неговите пријатели, кои му помогнале во овој „зафат“ точно 15.000 сликички. Тој самиот изјавил дека автомобилот во вакво издание ќе го вози до крајот на Светското првенство во Русија, кое почнува на 14 јуни и трае до 15 јули.

БубаИако нема информации за тоа кој е овој бразилски фудбалски фан, медиумите тврдат дека станува збор за Енриле Педроти, Youtube ѕвезда.

 

Поврзани вести

Back to top button