ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Bugatti Chiron со 70 испораки во 2017 година

Производителот на ексклузивни супер автомобили Bugatti објави дека компанијата ја постигнала целта за 2017 година, односно испорачала вкупно 70 претставници на моделот Chiron

„Нашата цел на стартот на годинава беше да испорачаме 70 возила од производство на Chiron, во што и успеавме. Ова е извонредно достигнување за целиот тим на Bugatti“, истакнаа од Bugatti Automobiles.
– Исто така би сакал да ја искористам оваа прилика и да им се заблагодарам на сите наши добавувачи за нивната посветеност и правилна испорака, потенцира Волфганг Драјример, претседател на компанијата. – Ова импресивно остварување е исто така исклучително важно бидејки ги намаливме роковите на чекање на нашите клиенти на колку што е можно пократко време. Сето тоа за нас се дополнителни поени“.

1 | Chiron
2 | Chiron
3 | Chiron

    Од Bugatti додаваат дека во моментов се продадени повеќе од 300 од околу 500 зацртани претставници на Chiron. Дури 43% од барањата се од клиенти во Европа, 26% од Северна Америка и 23% од Блискиот Исток. Останатите 8% се од корисници во Азија и во регионот на Пацификот.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Close