Bugatti одбележа 15 години од рекордот на Veyron

Bugatti Veyron во 2005 година стана првиот сериски продукциски автомобил кој успеа да ја пробие бариерата од 400 километри на час

Пред 15 години тест возачот Уве Новацки седна во Bugatti Veyron 16.4 и испиша нова страница во историјата на Bugatti и автомобилизмот. Серискиот Bugatti Veyron за својот погон користеше 8,0-литарски W16 мотор со четири турбо полначи, благодарение на кои се испорачуваше моќност од 1.001 КС и 1.250 Nm максимален вртежен момент. Воедно, Veyron стана и првиот сериски модел кој располагал со мотор од преку 100 КС.

Моќноста се пренесуваше на сите четири тркала преку седумстепен автоматизиран менувач со двојна спојка. Veyron 16.4 спринтот од нула до „стотка“ го минуваше за 2,5 секунди, додека за брзина од 200 километри на час му беа потребни 7,3 секунди, а за 300 km/h – 16,7 секунди.

Првата цел за Bugatti беше да се пробие бариерата од 400 километри на час за „цивилни“ продукциски автомобили, а втората цел беше да се надмине легендарниот тркачки Porsche 917 кој забележа брзина од 406 km/h. Уве Новацки успеа да ги оствари и двете цели, со оглед на тоа дека во еден момент успеа да достигне дури 411 километри на час. Сепак, официјално е забележана брзина од 407 km/h, бидејќи при мерењето се земаа предвид резултатите од возењето во една, а потоа и во спротивна насока.

Bugatti Veyron во следните години успеа да забележи и уште неколку нови рекорди. Во јуни 2010 година Veyron 16.4 Super Sport со 1.200 КС досригна брзина од 431 километри на час, а во април 2013 година Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse со 408,84 километри на час стана најбрзиот продукциски „роудстер“ на светот.

Поврзани вести

Back to top button