fbpx

Bugatti покажа дел од комбинациите за персонализација на моделот Divo

Bugatti ќе го произведе моделот Divo во само 40 примероци, а со големиот број на можности за персонализација речиси секое возило ќе биде уникатно

Bugatti премиерно го претстави ултраспортскиот модел Divo пред две години, а француската автомобилска компанија која е под закрилата на Volkswagen групацијата, ќе го произведе овој автомобил базиран на Chiron во само 40 примероци.

Цената на Divo изнесува пет милиони евра и сите примероци се веќе одамна распродадени, а Bugatti за сопствениците на овој луксузен суперавтомобил, чија испорака се уште не е започната, подготви безброј можности за персонализација, што сугерира на фактот дека речиси секое возило ќе претставува уникат само по себе.

Bugatti објави неколку фотографии со кои открива дел од предлозите кои ги нуди на заинтересираните купувачи, а сопствениците кои посакуваат свој уникатен Divo ќе минат по пет часа во компанијата во Молсхајм каде заедно со дизајнерите ќе ги избираат боите и деталите на каросеријата, боите и материјалите во кабината, деталите на фелните… На купувачите им е оставена и можноста својот Divo да го украсат со сопствениот потпис, со семејниот грб, знамето на земјата од која потекнуваат, и така натаму…

Реализацијата на идејата трае и по неколку месеци и притоа цената не е вклучена во споменатите пет милиони евра, што значи дека дополнително се наплаќа. Како и да е, без разлика на опциите кои ќе ги изберат заинтересираните купувачи, секој од 40-те примероци на Divo се напојува со 8,0-литарски 16-цилиндерски мотор кој со асистенција на четири турбополначи развива 1.500 КС и 1.600 Nm максимален вртежен момент, што е доволно за забрзувањето од 0 до 100 километри на час да се достигне за 2,4 секунди, додека максималната брзина изнесува 380 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button