fbpx

Bugatti со прототипен Chiron оствари нов брзински рекорд (Видео)

Модифицираниот Bugatti Chiron достигна максимална брзина од 490 km/h, со што стана првиот автомобил кој ја пробил бариерата од 482 km/h

Bugatti стана првиот производител што ја проби бариерата од 482 km/h, со надградената прототипна верзија на својот хиперавтомобил Chiron. Тест-автомобилот оствари нов рекорд со достигнување на максимална брзина од 490,486 km/h на патеката Ehra-Lessien во Германија.

Bugatti допрва треба да ги објави техничките спецификации за овој нов прототип на Chiron, но, како и Veyron Super Sport од 2010 година, се очекува дека ќе има преработен систем за сопирање, менувач, уникатни гуми и многу карбонски компоненти за намалување на тежината.

Исто така, рекордниот Chiron добил значителен аеродинамичен ремонт, со силно зашилен преден браник, пошироки странични прагови и поагресивен дифузер. Исто така, има и пониско поставување на суспензијата, нов сет на алуминиумски тркала и модифициран систем за издувни гасови со четири излези.

Доколку овој прототип на Chiron стигне во производство со истата спецификација, Bugatti би можел да постави нов рекорд за брзина за производен автомобил. Сегашниот носител на рекордот е шведскиот супер-автомобил Koenigsegg Agera RS.

Поврзани вести

Back to top button