fbpx

Bugatti со тизер фотка најави мистериозен хиперавтомобил за 2020

2020. година само што започна, а Bugatti веќе подготви изненадување и најави пристигнување на нов хиперавтомобил

Bugatti на својот Instagram профил објави фотографија од покриен автомобил, а засега се шпекулира за тоа дали се работи за нова верзија на Chiron или за целосно нов автомобил.

Многумина се надеваат дека станува збор за втор продукциски модел во гамата на Bugatti, за кој се шпекулира со години, но досега не се оствари. Најновиот тизер објавен на Instagram повторно ги подгреа надежите на љубителите на спортски автомобили дека вториот модел наскоро ќе биде претставен. Од друга страна, можно е да е на повидок само уште една нова ограничена серија базирана на Chiron.

Во изминатите неколку години видовме неколку верзии на Chiron. Според некои медиуми, станува збор за екстремно ограничен модел кој е инспириран од легендарниот модел EB110. Автомобилот изгледа „поостро“ во однос на типичниот Chiron, а „ѕиркаат“ и некои потенки аголни светла кои ги има и Bugatti Cetrodieci, моделот претставен во август минатата година. Bugatti ќе произведе 10 примероци кои ќе бидат достапни до 2021. година.

Нов продукциски модел или нова ограничена серија на Chiron?

Автомобилот кој се наоѓа под церадата би можел да биде Centrodieci со специјална боја, но шансите за тоа се мали со оглед на тоа дека тизер фотката и тоа како е мистериозна. Веројатно не станува збор ниту за моделот Divo, но не може да се исклучи можноста за финална верзија на преубавиот модел La Voiture Noire, уникатниот Bugatti претставен минатата година, кој се појави во форма на нефункционален прототип.

На крајот, најверојатно станува збор за уште една уникатна креација. Во јуни минатата година Bugatti откри дека би можел да произведе повеќе специјални модели како што е La Voiture Noire, така што би можеле да видиме уште еден мошне скап хиперавтомобил до крајот на оваа година.

Како и да е, се очекува Bugatti наскоро да објави повеќе информации, па во следниот период би требало да бидат расчистени сите дилеми за тоа за какво возило станува збор.

Поврзани вести

Back to top button