BYD наместо автомобили, произведува 5 милиони маски дневно!

Кинеската фабрика за електрични автомобили влезе во борбата против коронавирусот и стана најголемиот производител на заштитни маски во светот

BYD Auto, кој е најголемиот кинески производител на електрични автомобили, а воедно и меѓу најголемите производители за батерии за автомобили и велосипеди, го насочи својот фокус кон заштитната опрема.

Од новиот коронавирус во Кина смртно настрадаа преку 3.000 луѓе, а BYD, кинеската фабрика за автомобили дневно произведува преку 300.000 шишенца со средство за дезинфекција на рацете. Покрај сето тоа, BYD стана и најголемиот производител на медицински маски во светот, со оглед на тоа дека дневно произведува околу 5 милиони парчиња со цел да се спречи ширењето на коронавирусот!

BYD

Претседателот на BYD, Ванг Чуанфу, предводи тим од 3.000 инжинери кои восопставија производни линии користејќи ги постоечките компоненти од погонот во Лонганг, во округот Шенжен, провинцијата Гвангдонг, кој претходно беше користен за производство на скапи паметни телефони. За помалку од три месеци, забележан е импресивен напредок, во согласност со високите стандарди потребни за производство на медицинска опрема. Покрај сето ова, компанијата исто така произведува и пет до десет нови машини за производство на маски!

BYD одлично се снаоѓа на „новиот пазар“, а маските работниците ги добиваат бесплатно со цел во регионот Хубнеј да помогнат во спречувањето на вирусот, бидејќи станува збор за место кое епицентар на коронавирусот. Нивните стапки ги следат и останатите кинески компании, па така SGMW, фабриката во Гвангжу се приклучи на SAIC Motors и сега заедно произведуваат 2 милиони маски дневно.

Поврзани вести

Back to top button