НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Byton M-Byte електричен SUV со дигитална табла

Byton го откри внатрешниот дизајн на нивниот нов електричен SUV M-Byte со ЛЕД дисплеј кроз цела табла и дисплеј на самиот волан

Скоро готовиот внатрешен дизајн на Byton беше откриен на CES во Лас Вегас со огромната дисплеј табла и дисплеј на самиот волан со екран на допир. Овој 48 инчен дисплеј „Shared Experience Display“ е дизaјниран да издржи и сообраќајна несреќа. Управувањето на овој огромен дисплеј ќе се врши преку 8 инчниот дисплеј на допир во центарот на конзолата. Со оваа контрола, ќе имате слобода да го поделите екранот на 3 дела, инфомарции, навигација и мултимедија.

Исто така има можност да покажува слика од трите задни камери за асистенција во паркирање. Уште два екрани може да се најдат имплементирани во предните седишта за задните патници.

Byton

Седум инчниот екран на допир што се наоѓа на самиот волан е позициониран повисоко што дозволува простор за воздушното перниче. Изборот на брзини ќе се изведува преку физички копчиња на самиот волан за разлика од традиционалниот менувач.

Во соработка со Amazon, Byton ќе дозволи контрола преку гласовни команди со имплементирање на виртуелниот асистент Алекса.

Byton тврди дека M-Byte моќта на моделот ќе биде складирана во модерни литиум-јонски батерии со капацитет од 71kWh и 95kWh. Моделот ќе има опсег од 400 километри, а со надградената батерија и до  520 километри.

Почетна цена на овој модел во Европа ќе биде од 37.500 евра.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close