fbpx

Caddy California – новиот мини кампер на Volkswagen

По претставувањето на новата генерација на Caddy претходно оваа година, Volkswagen го покажа и новиот Caddy California мини кампер

Откако пред неколку месеци го најави, Volkswagen сега официјално го прикажа својот нов мини кампер Caddy California кој е „реосмислен, редизајниран и повторно развиен“ и пристигнува на местото на претходниот Caddy Beach.

Иако со својата надворешност потсетува на традиционалниот Caddy, California се одликува со неколку камперски унапредувања во внатрешноста. Една од најзабележителните карактеристики е новиот кревет на преклопување кој се одликува со „високо квалитетен“ душек. Истиот се собира во багажникот кога не се користи, а под него има доволно простор за да се складираат две столчиња и камперска масичка.

Caddy California

Кога станува збор за креветот, сега можете да спиете под ѕвездите благодарение на опционалниот панорамски стаклен покрив. Доколку имате потреба да станувате навечер, поставени се и придушени LED светла над креветот.

Caddy California нуди и опционална „мини кујна“ која е поставена под креветот и може да биде извлечена кога задната врата е отворена. Кујната е составена од две лизгачки компоненти вклучително и горна секција со мал шпорет на плин. Долната секција содржи ножарник и фиока за прибор.

Caddy California

Кога станува збор за просторот, моделот содржи и систем на складишни вреќи на задните прозори. Секоја од вреќите може да издржи до пет килограми опрема.

Со оглед на тоа дека Caddy не е баш вистинскиот избор за семејно кампување, Volkswagen разви и модуларен шаторен систем кој може да биде споен со миниванот. Доколку купувачите го нарачаат, тогаш капацитетот за спиење се зголемува на четири лица. Со тоа што двајца можат да спијат во автомобилот, а уште двајца во шаторот.

Caddy California ќе се понуди со две различни должини – 4.501 милиметри и 4.853 милиметри. Купувачите исто така ќе можат да избираат меѓу два TDI мотори со моќност од 75 КС, односно 122 КС. Моделот ќе биде достапен и со опционален погон на сите четири тркала.

Меѓу останатите карактеристики тука е и достапниот дигитален инструмент кластер и инфозабавен систем со 10-инчен екран на допир. Од Volkswagen додаваат дека камперот ќе биде понуден со 19 системи за асистенција на возачот, вклучително и полуавтономниот Travel Assistant систем.

Volkswagen Caddy California ќе биде лансиран подоцна оваа година, а подолгата варијанта ќе пристигне во 2021.

Поврзани вести

Back to top button