fbpx

Volkswagen објави скици, Caddy станува мини кампер

Volkswagen Caddy наскоро ќе добие своја минијатурна кампер верзија, а за таа цел германскиот гигант објави цртежи од новиот модел

Германскиот производител Volkswagen го најавува малиот Caddy кампер како автомобил кој ќе понуди удобност како и многу поголемиот модел California. Мини камперот базиран на петтата генерација на Caddy е наменет за двојки или мали семејства кои сакаат да отпатуваат на викенд авантура. Во внатрешноста се наоѓаат столчиња и маса која може да се склопи, а за дополнителен багажник постојат две торби на страничните панели кои можат да послужат и како еден вид на параван кој гарантира приватност во внатрешноста на возилото.

Кога станува збор за спиење, Volkswagen Caddy мини камперот има кревет кој се извлекува и е долг речиси два метри, а благодарение на панорамскиот покрив од 1,4 квадратни метри, се овозможува и поглед кон ѕвезденото небо. Доколку сепак сметате дека имате премногу светлост во внатрешноста, стаклениот панел може да се затемни, исто како и останатите прозорци.

Според скиците кои се објавени, Caddy мини камперот ќе биде компатибилен и со шатор кој се спојува со задната врата на автомобилот, а нејасно е дали Volkswagen ќе го понуди истиот заедно со возилото. Овој Caddy мини кампер го користи адаптивниот Travel Assist темпомат на Volkswagen, како и Trailer Assist системот кој го олеснува користењето на приколката.

Кога станува збор за погонот, купувачите ќе имаат неколку опции. Ќе биде достапен четирицилиндричен дизел со 75 КС и 121 КС, како и бензински мотор со 113 КС. Дебито на Volkswagen Caddy мини камперот се очекува во септември.

Поврзани вести

Back to top button