fbpx

Toyota го враќа името Celica?!

Тоyota повторно го заштити името Celica во американската канцеларија за патенти

Овој факт ги потхранува гласовите за заживување на моделот, шпекулации кои упатуваат на неколку различни опции.

Една опција е Јапонците да го стават името на моделот што ќе биде следната генерација на GT86, бидејќи Celica е доста поекспонирано име во светски рамки. Од друга страна, последните верзии на Celica беа со преден погон, што може да сугерира дека Toyota планира нов основен спортски автомобил, кој ќе се се позиционира под GT86 и новата Supra. Најновата можна опција во моментот може да биде концепт автомобил кој всушност му претходи на новиот GT86. Во овој момент нема коментари од јапонците за ова прашање.
Celica

Поврзани вести

Back to top button