ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Toyota и Suzuki со заеднички електрични возила

Toyota Motor Corporation и Suzuki Motor Corporation објавија дека двете компании потпишаа меморандум за разбирање

Toyota Motor Corporation и Suzuki Motor Corporation објавија дека двете компании потпишаа меморандум за разбирање, со што означија почеток на заедничка активност во развојот и воведувањето на пазарот во Индија на електрични автомобили, до 2020 година.

Toyota и SuzukiСпоред првичните планови, Suzuki ќе одговара за производство на електрични автомобили за пазарот на Индија и ќе опреземе активности за испорака на дел од нив за Toyota. Од своја страна, Toyota ќе биде одговорна за техничко одржување на заедничката линија.
Друга клучна точка во новиот проект на Toyota и Suzuki ќе бидат заеднички спроведените анкети од расположението на купувачите, популаризација на електричните возила, зголемувањето на инфраструктурата (станици за полнење) и друго.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close