fbpx

Целосна промена, Maserati во караванска изведба

Шестата генерација на Maserati Quattroporte е меѓу најинтересните седани на светскиот пазар, а единствената загриженост на сопствениците е поврзана со неособено убедливо претставување на италијанската марка во однос на издржливост и сигурност

Тука на сцена излегува ставот на Адам Рединг кој сака неговото Quattroporte да е семејно ориентирано возило. И така е роден караванот врз основа на оригиналниот модел. Ова не е прв обид во оваа насока, уште во 2008 Carrozzeria Touring Superleggera создаде униката Bellagio Fastback, но во Maserati тогаш немаа желба да развијат палета на каравански модели.

Од миланската компанија за каросерии тогаш најавија дека планираат 25 примероци од интересниот shooting brake, но потоа не се појавила информација дали сите биле продадени. Покрај промените во каросеријата, Рединг одлучил дека моторот на Quattroporte исто е за промена. Значи под предниот капак се појавува 3.0 литарски турбодизел. Во пракса, ова е истиот мотор кој се користи од страна на Jeep и Ram, но под брендот EcoDiesel.

„Во поголемиот дел од својот живот сум работел многу различни автомобили – Jaguar E-type главно, многу модели на Aston Martin, Lancia, Bristol, Ferrari и слично – објаснува Рединг во Autostorico. – Идејата за овој проект беше да го направам моделот на такво ниво да изгледа дека е создаден од Maserati“.

Рединг го комплетира караванот во 2016 година и досега има поминато повеќе од 10.000 километри.

Поврзани вести

Back to top button