Викенд тарифа: Целосно функционален картинг од Lego коцки

Lego коцките со години се едни од омилените играчки дури и кај возрасните, а еден интересен лик одлучи од нив да направи картинг

Мет Дентон одлучи да се врати во детството и да направи 3D модел на Lego картинг и потоа со помош на 3D принтер да го направи во природна големина. Возилото е изработено од пластика, а има и електричен погон.

Целосно функционалниот управувачки систем и кочниците ја заокружуваат можноста на ова необично возило. Како и секој прототип, така и овој бара дотерување на некои слаби точки во конструкцијата, но сеедно останува одлична идеја, а Мет Дентон покажува дека е навистински пат да направи нешто интересно понатаму. На Lego возилото треба да се променат уште неколку работи, но секако е интересен проект кој во блиска иднина би можел да биде реализиран.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close