fbpx

Целосно новата Škoda Octavia со видео деби

На само една недела од официјалната премиера на Octavia, чешкиот производител објави видео со краток преглед на моделот

Официјалната премиера на четвртата генерација на популарниот чешки седан е закажана за идната недела, а со цел да ја зголеми љубопитноста на публиката, Škoda овозможи краток преглед на моделот преку тизер видео.

Она што може да се забележи е силуетата на чешкиот седан, кој веќе ни е позната од шпиунските фотки, а тука е и делот од дизајнерските шеми, како начинот на спој на фаровите со решетката во предниот дел, како и графиката на светлосните уреди.

Според Škoda, Octavia ќе може да се пофали со целосните LED матрикс предни фарови, со две остро дефинирани, светлосни линии во форма на L, кои ги одделуваат двата LED модула еден од друг. Задните светла исто така доаѓаат со LED технологија и анимирана „Coming/Leaving Home“ функција.

Светската премиера на целосно новата генерација на Škoda Octavia ќе се одржи во Прага на 11 ноември.

Поврзани вести

Back to top button