ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

CES Азија 2018: Вештачка интелигенција од Continental

За време на CES Азија 2018, Continental претстави платформа за компјутерска визија, која користи вештачка интелигенција, невронски мрежи и machine learning за да го подобри користењето на сензорски технологии и да му даде човечки можности на возилото

Системот ќе ја користи новата петта генерација на повеќенаменската камера на Continental, која ќе влезе во сериско производство во 2020 година и ќе работи со невронски мрежи заедно со традиционалните компјутерски слики. Целта на технологијата е преку интелигентни алгоритми да го подобри вашето разбирање за ситуацијата, вклучувајќи дефинирање на намерите и гестовите на пешаците. Основен услов за најнапредните асист-системи за возење е детално разбирање и точна проценка на состојбата на патот од страна на машината.

-AI игра значајна улога во создавањето на човековите активности. Со AI софтвер, возилото е способен да толкува сложени и непредвидливи ситуации – тој не само што гледа што има пред истото, но моѓе да го претпостави и тоа што следи – изјави Карл Хаупт, директор на Advanced Driver Assistance System во Continental. -Ние гледаме на AI како клуч за автономната технологија за возење и интегрален дел од иднината на автомобилот.

-Автомобилот треба да биде толку интелигентен за да може да ја „долови“ целата околна средина каде се наоѓа, смета Роберт Тил, шеф на Machine Learning во делот за Advanced Driver Assistance Systems. -Еден пример кој го илустрира концептот е алгоритам во автоматски систем за управување, кој ќе реагира веднаш кога пешакот ќе зачекори на патот. Алгоритмите на AI ќе можат да ги предвидат намерите на пешакот штом се приближи. Во оваа смисла, тие се слични на искусен возач кој инстинктивно разбира дека таквата ситуација е потенцијално критична и се подготвува да сопре.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close