fbpx

Четвртата генерација на Toyota Yaris пристигна

Целосно новата Toyota Yaris ја оствари својата светска премиера

Дизајнот на новата Toyota Yaris е одговор на зголемената побарувачка на компактни автомобили, зголемените предизвици во секојдневниот градски живот и очекувањата од еден градски автомобил. За таа цел новиот Yaris за прв пат ја носи филозофијата на Toyota New Global Architecture (TNGA). Автомобилот е изграден на TNGA-B, а во оваа генерација е достапен и хибриден погон.

Овој пристап, надополнет со напредни активни и пасивни системи за безбедност, има за цел да создаде најбезбеден автомобил во класата. Дизајнот на надворешноста се одликува како „компактен и агилен“, секогаш подготвен за движење и уживање. Ова е резултат на промената во димензиите на возилото, намалена вкупна должина за 5 mm, но во исто време зголемено меѓуоскино растојание за 50 mm.

Предниот дизајн е фокусиран на голема решетка и централен амблем на компанијата. Отворениот и простран простор за возачот и совозачот и висококвалитетните и високотехнолошките материјали обезбедуваат потопла околина во кабината.

Toyota Yaris

Внатрешниот дизајн го следи принципот „помалку-е-повеќе“ и содржи висококвалитетни материјали, меки на допир, кои се протегаат по сите елементи на кабината. Компанијата вели дека се фокусирала на подобрување на квалитет во однос на допирот, оперативноста и звукот на сè со што патниците се во контакт во автомобилот.

Во зависност од пазарот, новиот суперини на Toyota е достапен со нов 1,5 литарски Hybrid Dynamic Force погон, како и 1,5 литарски и 1,0 литарски три-цилиндарски бензински мотори. Хибридниот погон претставува систем од четвратата генерација на self-charging хибридни системи, заедно со поголемите 2,0 и 2,5-литарските воведени во Corolla, Camry и RAV4.

Системот комбинира 1,5-литарски три-цилиндричен бензински мотор со со електрична единица со 80 коњски сили и поголема и полесна литиум-јонска батерија. Toyota тврди дека новиот погон кај Yaris Hybrid ги намалува потрошувачката на гориво и емисијата на СО2 за повеќе од 20 проценти, додека нуди 15 проценти поголема излезна моќност.

 

Поврзани вести

Back to top button