ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Chevrolet Niva не Lada Niva

Легендарниот теренец Lada Niva од 2006 година ја доби ознаката Lada 4x4

Славното име Niva го понесе теренецот Chevrolet Niva, модел кој е развиен од GM-AvtoVAZ најголемиот руски произведувач на автомобили. Chevrolet Niva е развиен пред 20 години како замена на култната Lada Niva. На почетокот на милениумот „оригиналот” сеуште добро се продавал, па затоа новоразвиениот автомобил го понел знакот Chevrolet.

Според луѓето кои имале прилика да го пробаат овој автомобил го опишуваат како теренец од стариот ков. На off-road терените не заостанува зад оригиналната Niva, додека во град е доста удобен и економичен. Визуелниот идентитет на Chevrolet може да се забележи кај овој автомобил со должина од 4048 mm.

Chevrolet Niva 2019

Останатите карактеристики се превземени од Lada 4×4, односно автомобилот носи 1.7 литарски бензински мотор со 80 коњски сили и погон на четири тркала. Дотераната верзија доаѓа со нов мултимедијален систем кој поседува екран осетлив на допир, USB конектор, вградена навигација.

Цената на Chevrolet Niva во верзија GLC Multimedia чини околу 11.000 евра, а се продава само во Русија и некои од поранешните земји на СССР.

Chevrolet Niva 2019

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close