fbpx

Citroën C5 Aircross и Range Rover Evoque со максимална оценка за безбедност

Откако во февруари ги споделија резултатите од тестовите на три SUV модели, Euro NCAP соопшти за уште два претставници на исклучително популарниот сегмент во Европа

На исклучително сериозните тестови на Euro NCAP биле подложени целосно новите Citroën C5 Aircross и новата генерација Range Rover Evoque, а од организацијата споделуваат мислење дека и двата модели импресионираат со своето претставување.

Од Euro NCAP коментираат дека во C5 Aircross се нудат поголемиот дел од системите за зголемување на безбедноста како стандардна опрема, вклучувајќи камера за поддршка на управувањето. Тестираниот модел од организацијата доби оценка од 4 ѕвезди, но во тестот е вклучен и модел со пакетот Safety+, а оценката за овој ги достигнува максималните 5 ѕвезди.

Во извештајот на Euro NCAP за втората генерација на Range Rover Evoque, споделуваат дека и покрај тоа што личи во некои црти на својот претходник, возилото под каросеријата е сосема ново. На тестирањата тој без никаква мака ги освоил максималните 5 ѕвезди.

Поврзани вести

Back to top button