fbpx

Новиот предводник на Citroen ќе биде сосема поинаков

Францускиот производител Citroen го потврди излегувањето на новиот најголем седан во гамата, кој ќе стане наследник на моделите C5 и C6

Моделот ќе биде „целосно различен од сето прикажано досега” и ќе се појави во 2019 или 2020 година.

-Без разлика дали тоа им се допаѓа на луѓето или не, ние немаме намера да направиме нешто традиционално, туку напротив – ќе претставиме еден сосема поинаков автомобил, вели претседателот на компанијата Линда Џексон. –Лансирањето на сличен автомобил е диктирано претежно од барањата на кинескиот пазар. Иако, e зголемена популарностa на кросоверите, во Кина се уште значителен дел од продадените нови автомобили се седани.

Citroen

За предвесник на новиот предводник на Citroen се смета коцептуалниот модел Cxperience. Првично, тој беше создаден само со цел да се прикажат нови технологии, но наиде на широка заинтересираност кај публиката, па еве и негова сериска изведба. Должината на прототипот е над 5 метри, а тој е опремен со хибриден агрегат со моќност од 300 КС. Моделот Cxperience располага со суспензија Advanced Comfort со хидраулични амортизери со две цевки, кои го прават патувањето поудобно. Предните седишта на концептот се направени од специјална пена која ги „памти” контурите на телото на возачот и совозачот и се прилагодува спрема нив. Внатрешноста е направена од скапи дрва, специјална ткаенина и вистинска кожа.

Citroen

Citroen Cxperience

Поврзани вести

Back to top button