fbpx

Во Citroen се сомневаат во иднината на дизел

Продажбата на дизел автомобили може никогаш да не се врати на своите претходни нивоа, особено ако клиентите кои порачува флоти ги следат приватните клиенти, кои минатата година типуваа повеќе на моделите со бензински мотори

Ова е прогнозата на главниот извршен директор на Citroen, Линда Џексон, која даде за пример со продажбата на новиот C3 Aircross – модел кој дебитираше во октомври и на кој 75% од продажбата му се верзии со модерни бензински турбо мотори.

дизел

Приватните потрошувачи во последно време главно нарачуваат автомобили со бензински мотори, објасни Џексон за списанието Autocar. – Ако овој тренд се наметне и во флотните продажби, дизелот нема да може да ги врати пазарните позиции. Мора да се случи нешто драматично на пазарот, за да се зголеми повторно уделот на дизелот на пазарот.

Таа се осврна и на податоците за 2017 година, во која е забележан сериозен пад на продажбата на дизел автомобили во Европа, а аналитичарите не гледаат шанса тоа да се промени во блиска иднина. А и големите автомобилски производители се повеќе вложуваат во електрифицирани модели. Наскоро се очекува промоција на цели моделски семејства на електрични, а и plug-in хибридите од автомобилските компании ги има се повеќе.

дизел

Поврзани вести

Back to top button