fbpx

Citroen го најави новиот C4, пристигнува и електрична верзија

Францускиот производител Citroen ја најави премиерата на новата генерација на C4 за 30 јуни, а моделот ќе добие и електрична верзија

Долго време се зборува за наследникот на C4 и C4 Cactus, а ако може да се верува на мистериозните најави на раководството на Citroen, тогаш на пазарот ќе се појави автомобил кој ќе ги замени и двата модели. Citroen пред неколку години од својата гама го исфрли конзервативниот хечбек C4 и на купувачите како алтернатива им го понуди актуелниот рестилизиран C4 Cactus.

Сепак, Citroen наскоро ќе ја засили својата позиција во C сегментот и тоа со наследник на C4 и C4 Cactus. Тоа го потврдија претходно и од самата компанија, со навестување дека ќе преземат поекстремен пристап. Престојниот адут на француската марка би требало да добие форма на кросовер, односно ќе поседува изглед на хечбек, но ќе бидед нешто повисок од стандардните ривали како „братскиот“ Peugeot 308 или VW Golf. На тој начин Citroen ќе се обиде да воведе новини во мошне конкурентниот C сегмент.

Откако стандардниот C4 беше повлечен од пазарот во 2017 година, менаџментот на Citroen работи на тоа да создаде адекватен наследник кој ќе предизвика повеќе реакции, но да се постави наспроти останатите натпреварувачи со нови вредности. Оттаму и одлуката за новиот модел да добие форма на кросовер.

Нов Citroën Ë-C4 – 100% Ëlectric

Новиот Citroën Ë-C4 – 100% Ëlectric. Светска премиера на 30 јуни. Следете нѐ 📅⚡️#CitroënË_C4 #ËlectricForAll #OpenTheWay #Comfort #CitroënË_C4 #ËlectricForAll #OuvrezLaRoute #Confort

Publiée par Citroën sur Mercredi 10 juin 2020

Најавен и електричниот e-C4

Во меѓувреме, со најавата за датумот за премиерата, Citroen потврди дека новиот модел покрај традиционалните конвенционални мотори, ќе добие и електрична варијанта која ќе го понесе името e-C4. Новиот Citroen C4 ќе биде поставен на CMP платформата на PSA групацијата, па се верува дека ќе го преземе и електричниот склоп од Peugeot e-208. Електричниот e-C4 веројатно ќе користи батерии од 50 или 60 kWh, а ќе има и реална автономија на движење со едно полнење поголема од 300 километри. Со оглед на тоа дека ќе ја добие CMP платформата, може да се очекува поатрактивен дизајн, подобри возни способности, поголема пространост на ентериерот, унапреден комфор и поекономични мотори во однос на некогашниот C4.

Кога станува збор за конвенционалните агрегати, треба да се очекува новиот модел да се потпре на проверениот трицилиндричен 1,2-литарски бензински PureTech мотор, додека кај дизелските погони тука е 1.5 BlueHDi.

Новиот Citroen C4 би требало да се најде во продажба во втората половина на тековната година, или кон почетокот на 2021.

Поврзани вести

Back to top button