fbpx

Citroen ја најави премиерата на новиот C5

Француската компанија Citroen го објави првото тизер видео за обновениот C5, со кој се најавува премиерата која треба да се одржи наскоро

Citroen C5 се враќа поексцентричен од било кога. Обновениот модел треба да дебитира на 12 април, а за таа цел француската марка го објави и првиот видео тизер со кој се најавува дебито на моделот.

C5 ќе биде модел кој ќе биде комбинација на повеќе каросериски изведби, односно ќе биде на границата меѓу кросоверите, караваните и хечбек моделите. Според ова, Citroen ветува дека освежениот C5 ќе биде интересен автомобил, а ќе се одликува со карактеристична решетка која навлегува во LED светлечките групации. Иссто така може да се забележи и скулптурната хауба и нагласените крила.Кон задниот дел може да се забележи дека моделот има заоблен изглед на каросеријата и дебели задни столбови. Освен тоа, C5 исто така добива и 3D задни светла и нагласен заден спојлер.

Првично најавен уште во 2016 година преку Cxperience концептот, новиот „знаменосец“ на француската компанија има неконвенционална форма со која ќе се истакнува во однос на конкуренцијата и сигурно ќе биде особено привлечен за оние кои се во потрага по нешто сосема поинакво. Моделот ќе ги комбинира практичноста на караванот и хечбекот со повисок SUV клиренс, а притоа ќе има покривна линија како седан. Дефинитивно ќе биде карактерстичен Citroen производ, директорот на компанијат Лоренс Хансен го нарекува „мошне различен, многу удобен, одличен автомобил“.

Од Citroen не откриваат многу детали за моделот, но се очекува да биде поставен на EMP2 платформата на која е поставен и Peugeot 508. Моторните опции би можеле да бидат споделувани меѓу двата модели, а ова значи цел асортиман на различни погони, како 1,5 и 2,0-литарскиот дизел со 131 и 177 КС, односно 1,6-литарскиот бензинец со 181 или 224 КС. На крајот тука е и PHEV погонот кој е сочинет од 1,6-литарскиот четирицилиндерски бензинец, електромотор и 11,8 kWh батерија.

Поврзани вести

Back to top button